Фото: ЕПА

КОШАРКА- НБА-ЛИГА

Тој стана четвртиот играч во историјата на НБА што освоил награди за МВП, МВП на финалето, бил најдобар стрелец и станал шампион во иста сезона, пишува агенцијата АП

Тој е најкорисен кошаркар (МВП). Прв стрелец. И сега, тој е шампион во НБА-лигата, а го освои и признанието за МВП на финалето. Сите во една сезона. Шаи Гилџес-Александер влезе во еден од најелитните клубови, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП).

Канадскиот кошаркар со Оклахома ја освои титулата во НБА, која ја победи Индијана со 4-3 во победи, во трилер од седум натпревари. Гилџес-Александер стана четвртиот кошаркар во историјата на НБА-лигата што ги освоил наградите за МВП и за МВП на финалето, бил најдобар стрелец и станал шампион во иста сезона, откако Карим Абдул-Џабар го направи тоа еднаш, Мајкл Џордан потоа четири пати, а Шекил О’Нил е третиот член на тој клуб, пишува АП.
– Многу напорна работа. Ова не е само победа за мене. Ова е победа за моето семејство, за моите пријатели, за сите што беа во мојот агол додека растев. Ова е победа за навивачите, најдобрите во светот – рече Гилџес-Александер, пренесе АП.

Тој сезонава одигра 64 натпревари во НБА-лигата, на кои имаше најмалку 30 постигнати поени. Единствените други кошаркари што постигнале барем 30 поени толку многу пати во една сезона во НБА-лигата се Вилт Чембрлен, Рик Бери, Елгин Бејлор, Боб Мекаду, Џејмс Харден, Џордан и Абдул-Џабар, пишува АП.
– Се фокусирам на тоа да бидам најдобрата верзија од себе за овој кошаркарски тим, за што и да е потребно, за колку натпревари треба, колку и да се моменти. Само се обидувам да останам во моментот. Мислам дека тоа е она што ме доведе тука. Тоа е она што ми помогна да ја освојам наградата за МВП, да ги постигнам сите работи што ги постигнав. Тоа му помогна на овој тим да победи во кошаркарските натпревари – рече Гилџес-Александер, пренесе агенцијата АП.