Јужнокорејски фантастичен хорор со Ма Донг-сеок

Познатиот и ценет јужнокорејски актер Ма Донг-сеок ја игра главната улога во новиот јужнокорејски акционен фантастичен хорор-филм „Света ноќ: Ловци на демони“.

Окултен акционен филм во кој тим од неколку луѓе се бори против зли духови. Тие се единствената надеж за Сеул, а полицијата нема друг избор, освен да се обрати кај нив за помош.

Режисер на овој филм е Лим Дае-хи, кому ова му е дебитантски филм.