Рецензија за францускиот апокалиптичен хорор „МадС“ на францускиот режисер Дејвид Моро
Филмот „МадС“ е апокалиптична хорор-драма, која може да се смета за еден вид реинкарнација на малку подзаборавениот француски бран на филмови наречен нова француска екстремност, кој беше многу популарен во текот на 2000-та и натаму, а во чиј жанр спаѓаа познати наслови како на пример, „Внатрешност“, „Висока тензија“, „Во мојата кожа“, „Калваир“, „Фронтиерс“, „Проблеми секој ден“, „Маченици“ итн.
Предвесник на овој француски филмски бран беше режисерот Гаспар Ное, кој со својот филмски израз беше инспирација за новите режисери да создадат еден ваков тип дела што ќе го продолжат неговото творештво. Поклонувајќи им се на Ное и на неговите безвременски „Неповратно“, „Влез во црвоточина“, „Јас стојам сам“ и „Месо“, новиот бран француски режисери создадоа дела што со својот уникатен уметнички израз, екстремно насилство и брутално-експлицитни сцени станаа миленици на филмската публика што е љубител на пожесток филм
Веројатно малкумина досега имаат слушнато за францускиот режисер Дејвид Моро, кој зад своето име веќе има седум снимени филма во кои тој е и режисер и писател на сценариото, „Враќање во Сент Тропе“, „Тие“, „Окото“, „Момчето“, „Сеулс“, „Крал“ и неговиот последен филм од 2024 година „МадС“. Неговиот најнов филм „Другите“ веќе е во постпродукција и се очекува да излезе годинава.
Сепак, од сите негови седум филма, јасно е дека најмногу отскокнува неговиот последен филм „МадС“. Квалитетот и стекнатото искуство на Моро низ годините творештво веќе се неоспорни, а самиот негов филм е доказ за неговиот квалитет како режисер и сценарист.
Филмот „МадС“ е апокалиптична хорор-драма, која може да се смета за еден вид реинкарнација на малку подзаборавениот француски бран на филмови наречен нова француска екстремност, кој беше многу популарен во текот на 2000-та и натаму, а во чиј жанр спаѓаа познати наслови како на пример, „Внатрешност“, „Висока тензија“, „Во мојата кожа“, „Калваир“, „Фронтиерс“, „Проблеми секој ден“, „Маченици“ итн.
Предвесник на овој француски филмски бран беше режисерот Гаспар Ное, кој со својот филмски израз беше инспирација за новите режисери да создадат еден ваков тип дела што ќе го продолжат неговото творештво. Поклонувајќи им се на Ное и на неговите безвременски „Неповратно“, „Влез во црвоточина“, „Јас стојам сам“ и „Месо“, новиот бран француски режисери создадоа дела што со својот уникатен уметнички израз, екстремно насилство и брутално-експлицитни сцени станаа миленици на филмската публика што е љубител на пожесток филм.
„МадС“ на Дејвид Моро беше најнов наслов на продуцентската куќа „Шрудер“ и многу брзо стана хит на годинашниот фестивал „Фантастик фест“, но концептот се чини беше доволно тежок за да ги натера луѓето да размислат пред да го погледнат. И можеби така ќе почувствувате доза олеснување, кога ќе дознаете дека „МадС“ е токму она што всушност го посакувате. Добра забава, многу тензија, силен интензитет на случувањата и параноични визии од кои ви се мати во главата.
Овој француски хорор-филм се одвива во еден неуморен, континуиран кадар, заробувајќи ги гледачите во реално време покрај Ромен – невнимателен тинејџер што користи чудна дрога на пат кон забава. Но ноќта добива остра пресвртница кога тој се среќава со крвав странец, а она што започнува како чудно патување се претвора во насилна вирусна епидемија. Суров, интензивен и импресивен, „МадС“ нуди вртоглаво спуштање во хаос, параноја и брутална борба за преживување.
Ноќта на Ромен (Милтон Риче) не поминала баш според планот. Она што започнало со едноставно трчање по подароците за неговата роденденска забава – вклучувајќи и ќесичка од мистериозната дрога на неговиот дилер – станува страшно и насилно кога непозната жена му провалува во автомобилот. Таа му подава уред за снимање полн со медицински експерименти и се обидува да го убеди да го смени правецот, но кога тој бара да ја остави во блиската болница, таа си забодува нож во вратот, оставајќи го Ромен со мртво тело и почеток на едно многу лошо патување.
- Еден од ретките успешни примери на филм што е снимен во еден кадар е филмот „Викторија“ од 2015 година. Освен тоа, многу ретко сте свесни за филмот како низа креативни и уреднички одлуки. Вашиот ангажман е фрагментиран уште од самиот почеток.
- Па оттука се поставува прашањето дали „МадС“ е уште една вежба за усовршување на еден уметнички стил наместо содржина? Можеби за некое време. Но потоа се случува нешто лудо: режисерите го прават еднократното искуство да функционира во корист на наративот, воздигнувајќи го целиот филм од трик во кохезивно кинематографско искуство
Бидејќи тоа не е баш нешто што го споделуваш со девојка ти кога си тинејџер, Ромен сепак се согласува да се сретне со Анаис (Лори Пави) и нејзината пријателка Џулија (Лусил Гијом) на забавата, дури и кога телото на жената исчезнува од неговото возило. Ромен полека почнува да подлегнува на ефектите од мистериозната дрога. Тој гледа како неговата ноќ почнува да излегува од контрола и нешто темно во него испливува на површина.
Филмовите снимени во еден кадар, како што е овој, нè принудуваат да се запрашаме за формата пред суштината; без разлика колку е привлечна приказната, филмови како „МадС“ честопати се повеќе интересни од технички аспект отколку поради стилот или дејството. Тоа е забавна идеја на хартија, но овој пристап може да создаде проблеми кога станува збор за финализирање на филмот. Исто така проблем може да претставува и нелинеарната нарација. Еден од ретките успешни примери на филм што е снимен во еден кадар е филмот „Викторија“ од 2015 година. Освен тоа, многу ретко сте свесни за филмот како низа креативни и уреднички одлуки. Вашиот ангажман е фрагментиран уште од самиот почеток.
Па оттука се поставува прашањето дали „МадС“ е уште една вежба за усовршување на еден уметнички стил наместо содржина? Можеби за некое време. Но потоа се случува нешто лудо: режисерите го прават еднократното искуство да функционира во корист на наративот, воздигнувајќи го целиот филм од трик во кохезивно кинематографско искуство.
Додека приказната се одвива помеѓу трите главни лика во филмот – Ромен, Анаис и Џулија, „МадС“ се движи по тенка линија меѓу апокалипса и лошо патување. Ова се покажува како најдобрата креативна одлука на филмот. Моро го исполнува својот филм со мали допири на сомнамбулозна логика, играјќи си со хронологија или аудиознаци за да го направи секое искуство субјективно пеколно место за неговите три главни ликови. „МадС“ се фокусира на раскажување една континуирана приказна во фрагменти од луцидност.
Сето ова го проектира товарот цврсто врз трите млади ѕвезди, кои служат како сврзно ткиво на филмот. Изведбата што го издигнува овој филм до степен на врвно мајсторство овде е Пави, како Анаис. Во најпровокативната секвенца во филмот, Анаис шета по празните градски улици, а во далечината се слушаат истрели од огнено оружје додека таа доживува страшна метаморфоза, која се карактеризира со нешто помеѓу ’ржење и френетично жалење за своето однесување, очајно барајќи помош. Но од кого? Таа е беспомошна и извонредно натурална. Нејзината бестрашна изведба, која бара големи драматични гестови и апсолутно никаква безбедносна мрежа, можеби е и самиот врв на „МадС“. Пави наоѓа и трагедија и хумор во секвенца што ги остава другите актери во заднина и се движи по тенка линија меѓу генијалност и пародија.
Овие нежни допири на уметност, постојаното проширување на присуството на војската, смелите изведби на глумечката екипа – целосно го искористуваат пристапот на филмот во реално време. Без да се навредува техничкото достигнување што го претставува „МадС“, способноста на режисерот да управува со сценографијата и монтажата во еднокатен филм можеби е клучен фактор во медиумот. Потешкиот дел е да се создаде нешто во кое публиката сè уште може да се изгуби, дури и кога на секои неколку минути се потсетува на филмот што го гледа. „МадС“ ги доловува и апокалипсата и патетиката правилно, што ги прави техничките достигнувања уште поимпресивни.
На крајот на краиштата, ако овој филм има споредливи наслови, тоа не се ниту „Ноќта на мртвите“ на Џорџ Ромеро ниту „Зомбиленд“, туку „28 дена подоцна“ на Дени Бојл. Како и тој филм, „МадС“ наоѓа минливи допири на човештвото на крајот на светот и си игра со конвенциите на дигиталното видео на начин што ги воздигнува идеите присутни на екранот. Можеби никогаш нема да ги достигне највисоките ноти што Бојл и компанијата ги постигнуваат на екранот, но го доловува истиот иновативен дух што сè уште му овозможува на легендарниот филм на Бојл, кој годинава ќе добие и трето продолжение (28 години подоцна), високо да ја постави летвата за филмови со зомби. Затоа, не верувајте на скромната витрина со награди на овој филм, тука има повеќе од само еден трик.