Фото: ЕПА

Конститутивната седница на Собранието на Косово повторно беше прекината откако ниту по 22-от обид пратениците не ја избраа комисијата за избор на претседател и пет потпретседатели на парламентот – пренесе „Бета“.

Демократската партија на Косово (ДПК), Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Српската листа и коалицијата Алијанса за иднината на Косово и НИСМА ниту во денешното продолжение на седницата не предложија членови на изборната комисија, по што претседавачот Авни Дехари го стави на гласање предлогот за формирање на комисија.

За предлогот гласаа 54 од 109 присутни пратеници, а еден беше против.

Со оглед на тоа што не беше обезбеден потребниот број гласови за формирање на комисијата, претседавачот ја прекина седницата и најави продолжение за четврток, 29 мај во 11 часот.