Дали спиете на левата или на десната страна од креветот? Или претпочитате да бидете во центарот? Новото истражување вели дека страната од креветот на која спиете може да биде важна за вашето расположение. Психолозите организирале голема анкета, а потоа ги анализирале резултатите од 3.000 испитаници и нивните навики за спиење – едни спијат на левата страна, други на средината, а трети на десната страна од креветот.
Ако спиете на левата страна од креветот…
Честитки, вие си светла душа, полна со оптимизам и креативен хаос! Психологот Хоуп Бастин вели дека испитаниците што претпочитаат да спијат на левата страна од креветот се полни со самодоверба, полесно го поднесуваат стресот и се постабилни во кризни ситуации. Не е ни чудо што тие се посклони кон креативни занимања – спиењето на левата страна од креветот може да биде поврзано со поактивна десна страна од мозокот. Дури 31 процент од овие луѓе рекле дека им се допаѓа својата работа, за разлика од 18 проценти од оние што ја избираат десната страна од креветот. Исто така, во поголем процент биле ранобудници.
Ако спиете на десната страна од креветот…
Вие сте реалист. Смирени сте, со двете нозе на земја, знаете точно колку пари имате на сметката во секое време. И знаете како да ги направите повеќе, бидејќи, според истражувањата, оние што спијат на десната страна од креветот заработуваат повеќе. Можеби не ја сакате својата работа, но затоа имате претприемачки дух. Многу од овие испитаници имале свој бизнис, а класичната канцелариска структура едноставно не им одговарала. Помалку сте склони кон друштвени собири, повеќе уживате во мирот, чаша вино и добро планирање.
Ако спиете на средина од креветот…
Вие сте како швајцарски војнички нож: балансирате меѓу другите, приспособливи сте, секогаш подготвени да ја смирите ситуацијата и да ги сослушате пријателите во криза. Не сакате драма, внимание, но затоа сте тука кога навистина е потребно. Спиењето на средина од креветот укажува на личност што ги цени хармонијата, почитта и знае да ги види нијансите меѓу црното и белото. Психолозите велат дека сте миротворец и веројатно никогаш не се присилувате да бидете во центарот на вниманието.
Само една забелешка – страните на креветот се одредуваат од перспектива на оној што го гледа креветот, а не од позицијата на лицето што лежи во него.