Илустрација / Фото: Маја Јаневска-Илиева

МВР соопшти дека денеска во 18:49 часот непознато лице телефонски се јавило во СВР Скопје и рекло дека во салата „Јане Сандански” во Скопје, каде вечерва беше закажан музички концерт, има поставено бомба.

Веднаш се преземени соодветни мерки и присутните во салата се безбедно евакуирани.

Според МВР, во тек се антитерористички проверки и по нивното завршување, доколку е безбеден објектот концертот ќе продолжи.