Фото: Маја Јаневска Илиева

Утринава нешто после 7 часот, полициски службеници го лишија од слобода Е.А. 48 од село Србјани кичевско, поради сторено кривично дело убиство.

-Утринава околу 7 часот во ПС Кичево од Итната медицинска помош, било пријавено дека кај нив се јавил Е.А.и соопштил дека во семејната куќа во село Србјани со секира ги нападнал своите родители. Двете лица со возило на Итна медицинска помош се пренесени во кичевската болница, каде таткото У.А.им подлегнал на повредите, додека мајката на сторителот Ф.А. 67години се наоѓа во неконтактибилна состојба. Осомничениот е лишен од слободаи и против него ќе биде покрената кривична пријава – информира Стефан Димоски, потпарол на СВР Охрид. З.А.