Земјотрес со интензитет од 4,4 степени според Рихтерова скала е регистриран утрово во Јонското Море, северозападно од грчкиот остров Закинтос.
Според првичните податоци од Институтот за геодинамика во Атина, епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од 13 километри под површина на земјата. Нема информации за настрадани или причинета материјална штета .
Според Европскиот средоземноморски сеизмолошки центар, интензитетот на земјотресот изнесувал 4,9 степени.
Во областа е забележана зголемена сеизмичка активност по земјотресот со интензитет од 6,4 степени, што го потресе островот кон крајот на октомври.