ФОТОВЕСТ

Сите деца до 12 години што во неделата го посетија Археолошкиот музеј во Скопје ја добија на подарок сликовницата „Запознавање со минатото“ од м-р Анета Фиданоска!
– Преку оваа акција сакаме да ги поттикнеме родителите да ги носат своите деца во музејот, да ја разбудиме љубопитноста за археологијата и да ја развиваме свесноста за значењето на културното наследство од најрана возраст. Затоа што љубовта кон историјата започнува со првиот чекор во музејот – велат организаторите.
Навистина одличен потег на вработените од Археолошкиот музеј, се надеваме ќе биде поттик и во иднина голем број ученици од Скопје и од целата држава да ја посетат оваа установа.