По двочасовни договарања меѓу студентите, одлучено е да го одложат отпочнувањето штајк со глад најавен за вечерва, но да ги радикалзираат протестите.
Тие информраа дека нема никаква поделенот меѓу нив, туку дека се поделиле во неколку групи, така што дел од нив вечерва се пред Владата, дел го блокираа кружниот тек кај „Зогу и зи“, додека еден дел пред Министертвото за образование.
Студентите најавија дека утре ќе има „замрачување“ низ цела Албанија, бидејќи нивните родители кои работат во државни институции или приватни фирми ќе ги напуштат своите работни места во знак на поддршка и ќе бидат со нив на протест.
-Утре нашите родители ќе ја бојкотираат работата во државните и приватните институции. Ќе има државен грч. Ние ќе ги принудиме не само Министерството за образование, туку и премиерот да одговорат на нашите барања. Вратите на Универзитетот ќе бидат блокирани – изјави за медиумите претставник на студентите.
На студените, кои не се повлекуваат од барањата, денеска им се прклучија и средношколците.
Меѓу барањата поставени од студентите е во управите на унверзитетите да има нивен претставник, подобрување на условите во домовите за сместување, преполовување на тарифата за студирање, зголемување на буџетот за високото образование, проверка на потеклото на имотот на професорите.
Под притисок на студентите, претходно, Владата ја укина зголемената тарифа за плаќање изгубена година и за полагање заостани испити.