Одложената изложба од 21 март на ликовниот уметник Лазар Дојчинов синоќа беше отворена во галеријата на домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци под наслов „Акварелна симфонија“ во чест на доаѓањето на пролетта. Со едноминутен молк присутните им одадоа почит на починатите во трагедијата во Кочани.
Ова изложба е трета по ред која авторот Дојчинов ја организира во чест на доаѓањето на пролетта и одбележувањето на неговиот роденден изложувајќи околу педесетина дела со мотиви главном од Тиквешијата. И овојпат преовладуваа цвеќињата како наујбав симбол на порлетта , препознатливите црвени булки и прекрасните мотиви од Моклиште и Тиквешкото Езеро за да не потсетат на вистинските вредности на животот во овој траорен момента на силна болка и непребол кој ја обедини Македонија под превезот на тагата.
– За мене акварелите на Лазар Дојчинов секогаш во себе го носат препознатливото присуство на познатиот антички поим „агон“ што означува средба и борба, но не само со надворешен противник, туку и со оној кој сите го носиме во себе и кој не поттикнува да не се откажуваме и да се бориме за подобро јас – подвлече Јулијана Туриманџова директорка на домот на културата. М.М.