Фото: „Нова Македонија“

ФУДБАЛ – ПО ДВЕ КОЛА

На Светското првенство (СП) во фудбал в година во САД, Мексико и во Канада од Европа ќе играат победниците на 12-те квалификациски групи, како и четири од плејофот, во кој ќе настапат 12-те второпласирани во квалификациите и четирите најдобри селекции меѓу победниците на групите во Лигата на нациите, но кои нема да ги освојат првите две места на табелите во своите групи во квалификациите. Победници на групите во Лигата на нациите се Шпанија, Германија, Португалија, Франција, Англија, Норвешка, Велс, Чешка, Романија, Шведска, Македонија, Северна Ирска, Молдавија и Сан Марино (подредени според привремената табела на Европската фудбалска унија).
Од нив, по првите две кола од квалификациите за пласман на СП 2026, на првите две места на табелите се наоѓаат шест селекции, и тоа Македонија (прво место во групата Ј, четири бода), Велс (второ место во групата Ј, четири бода), Романија (второ место во групата Х, три бода), Норвешка (прво место во групата И, шест бода), Англија (прво место во групата К, шест бода) и Чешка (прво место во групата Л, шест бода).
Поради обврските во плејофот во март во Лигата на нациите, допрва со квалификациски мечеви за пласман на СП 2026 треба да почнат репрезентациите на Германија, Шпанија, Франција, Португалија, Шведска и на Северна Ирска, а Молдавија и Сан Марино по првите две кола се без освоен бод.
ГРУПА Г: Литванија – Финска 2-2, Полска – Малта 2-0. Прво коло: Полска – Литванија 1-0, Малта – Финска 0-1. Идно коло (јуни): Малта – Литванија, Финска – Холандија.
ГРУПА Х: БиХ – Кипар 2-1, Сан Марино – Романија 1-5. Прво коло: Кипар – Сан Марино 2-0, Романија – БиХ 0-1. Идно коло (јуни): БиХ – Сан Марино, Австрија – Романија.
ГРУПА И: Молдавија – Естонија 2-3, Израел – Норвешка 2-4. Прво коло: Молдавија – Норвешка 0-5, Израел – Естонија 2-1. Идно коло (јуни): Естонија – Израел, Норвешка – Италија.
ГРУПА К: Албанија – Андора 3-0, Англија – Летонија 3-0. Прво коло: Англија – Албанија 2-0, Андора – Летонија 0-1. Идно коло (јуни): Андора – Англија, Албанија – Србија.
ГРУПА Л: Црна Гора – Фарски Острови 1-0, Гибралтар – Чешка 0-4. Прво коло: Чешка – Ф. Острови 2-1, Црна Гора – Гибралтар 3-1. Идно коло (јуни): Чешка – Црна Гора, Гибралтар – Хрватска. Н.М.