Фото: Маја Јаневска - Илиева

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски на денешната прес-конференција нагласи дека во последните четири години сме имале 28 случаи, од кои шест со висок степен на изгореници.

– Ние имаме околу стотина изгореници годишно на целата територија на Македонија во текот на една година, со тоа што тоа вклучува изгореници од пегла, од топла вода и од сите можни причини. Изгореници од пожар се најтешката категорија затоа што покрај оштетување на кожата вклучува и респираторни оштетувања. Од овие стотина случаи што ги имаме годишно, во последните четири години сме имале 28 случаи од кои шест со висок степен на изгореници, значи зборуваме за втор и трет степен на изгореници. Комплицирани случаи на изгореници со кожен графт сме имале вкупно 11 случаи и полесни изгореници со кожен графт трансплантација 11 случаи. Вкупно 28 случаи во четири години – рече Клековски.

Информира дека во 2024 година сме имале пет тешки случаи, од кои два со висок степен на изгореници и три со кожен графт пресадување со компликации.