На 2 февруари 1956 година во Лондон се одржала светската премиера на американскиот филм „Освојувачот“, во продукција на американскиот милијардер Хауард Хјуз. Во главните ролји се појавиле легендарните Џон Вејн, Сузан Хејворд, Агнес Мурхед и др. И покрај реномираната актерската екипа, „Освојувачот“ е рангиран како едно од најлошите филмски остварувања во историјата. Но филмот е злокобно запаметен поради тоа што е причина за смртта на голем дел од филмската екипа што учествувала во неговото снимање, вклучително и смртта на американската филмска икона Џон Вејн.
Делови од филмот биле снимени во близината на локацијата каде што до 1953 година биле извршени 11 надземни тестирања на нуклеарно оружје, во американската држава Јута. Филмската продукција била запознаена со нуклеарните проби, меѓутоа американските власти ги убедиле дека нуклеарните тестови не се опасни по здравјето на филмската екипа.
Екипа имала 220 луѓе. До крајот на 80-тите години на 20 век, 91 од нив развиле некаков вид тумор, а 46 починале од оваа болест. Режисерот на филмот починал од рак во 1963 година, на актерот Педро Армендарис му бил дијагностициран карцином на бубрезите во 1960 година, по што се самоубил откако дознал дека состојбата е непоправлива. Џон Вејн, Сузан Хејворд и Агнес Мурхед починале од рак, а неколку роднини на Џон Вејн и Сузан Хејворд, кои го посетиле на снимањето на филмот, имале тумор. Мајкл Вејн развил карцином на кожата, а неговиот брат Патрик – тумор на градите. На Тим Баркер (синот на Хејворд) му бил дијагностициран бениген тумор на устата.
Хауард Хјуз до крајот на животот чувствувал вина поради одлуката за снимање на филмот, особено поради изборот на локацијата. Хјуз ја купил секој копија на филмот за 12 милиони долари и ја спречил проекцијата во кината сѐ до 1979 година, кога „Универзал пикчрс“ го купил неговиот имот. Се верува дека „Освојувачот“ е еден од филмовите што Хауард Хјуз бесконечно ги гледал во последните години од својот живот.