Репрезентацијата на Норвешка освои 14 златни, 11 сребрени и осум бронзени медали на годинашното 44-то Светско првенство (СП) во нордиски дисциплини што се одржа во Трондхајм (Норвешка) и со тоа е на првото место на табелата со медали на тој Мундијал. Тоа е 30-ти пат како Норвешка е најуспешна селекција на едно нордиско светско првенство, а 14-ти пат во низа, серија што почна на Светското првенство одржано во 1999 година. Второто место на табелата со медали на СП 2025 го освои репрезентацијата на Шведска (7-1-4), а трета е селекцијата на Словенија (4-1-0). Вкупно 17 репрезентации освојуваа медали на годинашниот Мундијал во нордиски дисциплини (нордиско скијање, скијачки скокови и нордиска комбинација), а девет од нив освоија златни медали. Н.М.