Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ потврдил дека девојчето Дуња Марковиќ, кое исчезна вчера во Уб, е пронајдено свесно, комуникативно и дека е пренесено во болница на преглед. Девојчето било пронајдено на оддалеченост од околу два до три километри од куќата. Полициски екипи се уште се на терен и ќе го испитаат местото кадешто е пронајдено детето. Н1 на лице место дознава дека девојчето го пронашло куче трагач.
Системот „Најди ме“ кој беше активиран во понеделникот по исчезнувањето на детето, утрово е затворен.
Во потрагата по девојчето биле вклучени поголем број полицајци, граѓани и припадници на Планинарската спасувачка служба.
Алекса Драгојловиќ од Планинарската спасувачка служба за Н1 вели дека потрагата изгледала како повикот да бил примен некаде во вечерните часови, а на терен првично излегла Планинарската спасувачка служба на Србија, од Ваљево.
По првичното приближување на местото на настанот, повик е упатен и до другите станици на Планинската служба, дошле и станиците во Белград и Нови Сад.
-Најважно е дека лицето е пронајдено живо, за повеќе информации верувам дека ќе се јави некој од здравствената установа.
-Во потрагата беше вклучено и куче. По пристигнувањето на екипата од Белград, дојде и нашиот колега Дејан Шефковиќ со службеното куче, кое всушност утрово го нашло детето… Девојчето беше пронајдено со знаци на живот, па едноставно и овој пат се оствари секојдневниот успех на нас, волонтерите кои несебично им пружаме помош на сите граѓани на оваа држава и на сите луѓе кои навистина се во неволја – вели спасувачот за Н1.
Двегодишната Дуња Марковиќ е пронајдена откако исчезна во понеделникот попладне додека со своите браќа и сестри си играла пред семејната куќа во Уб.
Во потрагата по девојчето учествуваше цела Србија, а синоќа по третпат беше активиран системот „Најди ме“.