Фото: Принтскрин

Руски војници го погодија украинскиот град Одеса со балистичка ракета, а според првичните информации две лица се повредени, а причинета е материјална штета на пристанишната инфраструктура, изјави шефот на Регионалната воена управа на Одеса, Олег Кипер, пренесува Укринформ.

– Непријателот ја погоди Одеса со балистичка ракета. Во нападот е оштетена пристанишната инфраструктура и цивилен брод под знамето на Република Панама, во сопственост на европска компанија. Двајца мажи, вработени во пристаништето, се повредени – наведе Кипер во објава на Телеграм.

Тој истакна дека сите надлежни служби во моментов работат на отстранување на последиците, а лекарите им ја пружаат неопходната помош на настраданите.