Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху го именува министерот за стратешки прашања Рон Дермер да ги води преговорите од втората фаза од прекинот на огнот во Појасот Газа.
Дермер, кој е близок соработник на Нетанјаху, пред да биде министер беше амбасадор на Израел во Вашингтон. Тој е роден во САД и е поранешен активист на американската Републиканска партија.
Првата фаза од преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа завршува на почетокот од март.
Претходните преговори помеѓу Израел и Хамас ги водеа директорите на израелските безбедносни агенции Мосад и Шин Бет. Втората фаза од примирјето во Појасот Газа треба да вклучува крај на војната, враќање на сите заложници и повлекување на Израел од енклавата.