Пешак во Куманово, загина откако во него удрил автомобил „тојота јарис“ со скопски регистарски таблички, соопшти МВР.
Сообраќајната несреќа се случила попладнево на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка на излез од Куманово.
Полицијата врши увид, а од 17 часот овој патен правец е затворен за сообраќај.