Фото: Архива

Бројот на работниците во индустријата минатата година е намален за 0.3 % во однос на 2023-та. Во декември лани, пак, во споредба со истиот месец од 2023, нивниот број е помал за 4.7 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи опаѓање од 1.6 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 5.0 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 2.5 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи опаѓање кај Енергија за 3.3 %, кај Капитални производи за 3.0 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 6.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.9 %. Додека пораст бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка од 25.7 %.