Фото: ЕПА

Украинската влада го разреши Дмитро Клименков од функцијата заменик-министер за одбрана, изјави постојаниот претставник на Кабинетот на министри во Врховната Рада Тарас Мелничук – пренесе „Укринформ“.

Министерот за одбрана Рустем Умеров на 24 јануари изјави дека поднел барање до Кабинетот на министри за разрешување на неговиот заменик Дмитриј Клименков поради проблеми со снабдувањето со оружје за армијата.

 – Многу се зборува за набавка на оружје за армијата, но резултатот е незадоволителен. Решив да ги сменам сите што потфрлија на оваа работа – објави Умеров на Фејсбук.

Според него, набавката на оружје, која требало да биде затворена за време на вонредната состојба и војната со Русија, „поради некоја причина се претворила во „Амазон“, каде секој корисник на интернет може во реално време да види кој и што се купува, во кои количини и од кој производител“.