Фото: Принтскрин/Јутуб

Постои досега невидено ниво на подготвеност за договор за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа и кај израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и кај палестинската милитантна група Хамас, изјавија посредници во преговорите за либанскиот весник Ал-Ахбар.

Истовремено, израелски претставник вчера за израелската веб-страница Инет изјави дека договорот може да биде потпишан до 25 декември.

„Израел и Хамас напредуваа во преговорите за решавање на кризата во Појасот Газа, но се уште не е договорен бројот на израелски заложници кои би требало да бидат ослободени во рамки на почетната фаза на договорот“, пренесе Инет, повикувајќи се на извор од Хамас.