Фото: ЕПА

Се чувствувам мотивирано, се чувствувам свежо, се чувствувам способно да возам и да го правам истиот тренинг што го правев веќе 20 години, бидејќи тоа е горе-долу истата рутина, вели Алонсо, кој верува во повеќе победи, па дури и дека на прагот може да има додавање на уште едно првенство на двете што ги освои во 2005 и во 2006 година

ФОРМУЛА 1

Уште сонувам. Зошто да не? Знам дека 2026 година е веројатно мојата единствена шанса, бидејќи 2025-та е исклучително тешка, но јас уште сонувам. Формула 1 е за сонувачи, изјави Фернандо Алонсо (43), кој размислува за неговите изгледи да ја освои третата светска возачка титула, 18 години од претходната, пишува „Би-би-си“.
Тоа е коментар што кажува многу за Алонсо. Тоа зборува за неговата чиста љубов кон она што го работи и неговото непоколебливо верување дека, и покрај искуствата од изминатата една деценија и повеќе од неговата кариера, нов успех може да биде веднаш зад аголот. Поминаа 11 години откако Алонсо ја оствари последната од неговите 32 гранпри-победи и една и пол година откако имаше низа пласмани на подиумот. Сепак, тука е Алонсо, кој верува во повеќе победи, па дури и дека на прагот може да има додавање на уште едно првенство на двете што ги освои со Рено во 2005 и во 2006 година,.
Можеби не звучи така, но неговото верување е засновано на рационалноста. Пред три месеци Астон Мартин ја изненади Ф1 кога го објави потпишувањето на Адријан Њуи, најголемиот дизајнер во историјата на спортот, кој почнува со работа со својот нов тим во март в година, пишува „Би-би-си“.
– Очекувањата ќе бидат големи бидејќи се работи за нов автомобил, промена на регулативата, автомобил направен од Адријан. Веројатно тоа ќе биде мојата последна сезона во Ф1, затоа што мојот договор завршува на крајот на 2026 година. Тоа е време на испорака и време на вистината. Големи очекувања – рече Алонсо.
Тие неколкупати во текот на годините беа блиску до соработка. Сега, Алонсо конечно добива шанса да се трка со еден од болидите на Њуи, но тоа ќе биде кога ќе наполни 44 години.
– Тој дојде сега на крајот од мојата кариера и јас, сепак, ќе уживам колку што можам повеќе, ќе се обидам да учам од него. Имаме заемна почит. Разменивме пораки и зборувавме одвреме-навреме и се чини како отсекогаш да сме биле поврзани. Никогаш не работевме заедно, но секогаш бевме на иста фреквенција кога разговаравме во минатото. Со нетрпение очекувам. И за Астон Мартин тоа е голема работа – вели Алонсо.
Алонсо минатата пролет потпиша нов договор со Астон Мартин. Тој прави нешто што не е направено од 1950-тите, вози Ф1-болид конкурентно до средината на 40-тите години, пишува „Би-би-си“.
– Се чувствувам мотивирано, се чувствувам свежо, се чувствувам способно да возам и да го правам истиот тренинг што го правев веќе 20 години, бидејќи тоа е горе-долу истата рутина. Мислам дека мојата дисциплина на работа и тренирање и посветување на Ф1 беа доста екстремни, а резултатите можеби се исплатат. Никогаш не сум пропуштил тест-сесија или тренинг, никогаш не сум бил надвор или премногу да се забавував. Можеби резултатите доаѓаат сега во моите 40-ти, но почетната точка беше во 20-тите или 30-тите години, кога треба да се посветите на Ф1 на долг временски период за да постигнете некои резултати подоцна – вели Алонсо, пренесе „Би-би-си“. Н.М.