Фото: ЕПА

Украинските војници нападнаа воен аеродром во Таганрог, во Ростовската област, со шест балистички ракети ATAКМС, од кои сите беа соборени или одбиени од системи за електронско војување, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

– Утрото на 11 декември, режимот на Киев изврши ракетен напад со западно прецизно оружје на воениот аеродром во Таганрог, во Ростовската област… Во текот на истрагата, веродостојно беше утврдено дека биле користени шест балистички ракети ATAКМС од американско производство – соопшти руското Министерство.

Според соопштението, биле соборени две ракети, а останатите биле одбиени со техника на електронско војување. Се наведува дека при падот на фрагменти од гранатите нема жртви.