На огромно задоволство на љубителите на оперската музика синоќа на сцената во домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци гостуваше Националниот музички театар од Софија – Република Бугарија со музичкиот спектакл „Приказна за виенскиот валцер“ под диригентсво на Јули Дамјанов а во режија на Александар Мутафчијски.
Кавадаречката публика имаше можност да проследи дел од најпознатите дела на големите композитори Јохан Штраус, Франц Лехар и Имре Калман.
Заедничко за тројцата композитори е тоа што сите живееле во Виена. Имре Калман евреин со унгарско потекло и Франц Лехар австриски композитор со унгарско потекло важат за основачите на таканаречената „сребрена виенска оперетска ера“ затоа што главно компонираат оперети во кои ефективно го прикажуваат стилот на виенската монденска оперета обоена со унгарска мелодика. Од Калман публиката можење да ги проследите неговите најпопуларни оперети како „Грофицата Марица“, „Кралицата на чардашот“, „Циркуска принцеза“ и други додека од Франц Лехар „Веселата вдовица“ ,„Земјата на насмевките“ и „Џудита“. Музичката приказна за валцерот започна со полката „На лов“ од Јохан Штраус по што следуваше „На убавиот син Дунав“ пропратен со валцерот на балетаните Татјана Јанева и Трајче Стојковски. На сцената блеснаа со своите изведби и ѕвездите на музичкиот театар од Софија: Добрина Икономова, Пењо Пирозов, Еделина Канева, Марчо Апостолов, Елица Аврамова, Александар Панајотов, Христо Сарафов, ТеменужкаТрифонова, Олга Динова и Румен Бојаџиев.
Крајот на приказната за валцерот беше отстапен на аријата „Ајде да наздравиме“ од „Лилјакот“ од Јоахн Штарус во изведба на сите солисти.
Гостувањето на националниот музички театар од Софија беше прекрасно доживување за кавадаречката публика од причина повеќе што ваквите настани со гостувања на реномирани уметници од странство се привилегија само на метрополата а за помалите градови речиси недостижни.