Замрзнувањето на конфликтот во Украина не е опција за Русија, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков и додаде дека е важно Москва да ги постигне своите цели во конфликтот.
– Претседателот (на Русија) Владимир Путин јасно кажа дека опцијата за замрзнување на конфликтот не е прифатлива за нас. За нас е важно да ги постигнеме нашите цели, кои се добро познати на сите – рече Песков, одговарајќи на новинарско прашање за можни преговорите за границата меѓу Русија и Украина.
Песков одговараше на извештаите дека Русија може да размисли за замрзнување на конфликтот или повлекување од територијата во регионот Харков во Украина.