Фото: Пиксабеј

Американската Амбасада во Киев е привремено затворена откако добила „конкретни информации за потенцијален значаен воздушен напад на 20 ноември“, јави Би-би-си.

– Поради претпазливост амбасадата ќе биде затворена, а вработените во амбасадата добиваат инструкции да се засолнат – се вели во соопштението.

Амбасадата исто така им препорача на граѓаните на САД да се подготват да се засолнат во случај да биде објавена воздушна тревога.

Ова не е прв пат амбасадата да ги затвори вратите по предупредувања за потенцијални воздушни напади.

Слични предупредувања имаше и за Нова година и околу Денот на независноста на Украина.