Фото: Дандар мкд

Убавините на Вевчани се создаваат од традиционалните македонски куќи, куќи што се сведоци на минатото и навиките на живеење на вевчанци, но и на целиот македонски народ. Од многубројните зачувани куќи и други градби, може да се одвои куќата на Калајџиевци, како класичен пример на вевчанската традиционална архитектура. Куќата е сместена во некогашниот стар дел на селото Вевчани, во непосредна близина на црквата „Св. Никола“. Семејството Калајџиески, кои биле надалеку познати трговци, на ова место имало дуќан за газија, јамболлии и храна. Денес куќата на Калајџиевци е прогласена за споменик на културата на Македонија

Знаменитостите на Македонија

Низ вековите вевчанските мајстори биле надалеку познати по нивните градителски вештини, ѕидање, делкање камен, фасадирање итн. Тие биле организирани во тајфи, работеле и како печалбари низ Балканскиот Полуостров и пошироко. Се одликувале со чесност и вредност, оттука насекаде биле пречекувани со почит и радост. Вевчанските мајстори запознале нови култури и архитектонски решенија, а новините ги донеле во родното Вевчани. Вевчанската архитектура била под влијание на новитетите што произлегувале од западноевропските простори, но била задржана традицијата на македонската архитектура, како што се чардакот, употребата на месните материјали, поделба на живеењето на зимско и летно, антропоморфноста на просторот.
Убавините на Вевчани се создаваат од традиционалните македонски куќи, куќи што се сведоци на минатото и навиките на живеење на вевчанци, но и на целиот македонски народ. Од многубројните зачувани куќи и други градби, може да се одвои куќата на Калајџиевци, како класичен пример на вевчанската традиционална архитектура.
Куќата е сместена во некогашниот стар дел на селото Вевчани, во непосредна близина на црквата „Св. Никола“. Семејството Калајџиески, кои биле надалеку познати трговци, на ова место имало дуќан за газија, јамболлии и храна. Денес куќата на Калајџиевци е прогласена за споменик на културата на Македонија.
При крајот на 19 век настанал пожар во кој изгорела куќата и настрадале членови на семејството Калајџиески сакајќи да спасат дел од покуќнината. Поради популарноста на семејството, Турците парично ги помогнале да ја изградат куќата повторно на истата основа.
За време на народноослободителната и антифашистичка борба во текот на Втората светска војна, куќата била користена за прикривање од страна на припадниците на македонското партизанско движење, како и за одржување илегални состаноци и средби.
Куќата на Калајџиевци претставува висока куќа со тесен фронт, простран челно поставен чардак и јасно издифиренциран летен стан во катот од лесна бондрук конструкција и зимски стан во масивен меѓукат. Д.Ст.


Вевчани

Вевчани е сместено во подножјето на источните падини на планината Јабланица, на надморска височина од 800 метри. Поточно, селото е сместено на границата односно допирот помеѓу планинската падина на Јабланица на запад и рамнината на котлинското дно на исток. Атарот на Вевчани се наоѓа северозападно од Охридско Езеро, на западната страна на Струшко Поле на источната страна на планината Јабланица. Се протега во насока исток-запад, од подножјето, преку ридестиот терен, сè до сртот на планината Јабланица. Се граничи со општината Струга, а во потесен дел ја допира државната гранична линија со Албанија.
Во време на националноослободителната и револуционерна борба против отоманската власт, од Вевчани имало двајца војводи во струшката чета на ВМОРО – Јаким Алулов и Ставре Гогов, кој од летото 1904 година, по убиството на Јаким Алулов, станал војвода на струшката чета на ВМОРО.

Фото: Кирил Симеоновски