Кривичниот совет на Основниот суд 1 денеска одлучува по жалбата за притвор на обвинетиот Сашо Мијалков, за предметот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство.
Во неделата судијата Весна Димишкова му одреди 30 дневен притвор за „Империја“, а му го укина за предметот „Таргет-Тврдина“. Екс директорот на УБК, Мијалков е во притвор од 20 ноември.
За „Империја“ триесетдневен притвор добија и Орце Камчев, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска, Цветан Панделевски и Тодор Мирчевски.