Поевтини за производство и подобри во апсорпција на облици на светлина со повисока енергија, перовскитните материјали имаат потенцијал да го заменат силиконот во технологијата на соларни панели. За жал, научниците сè уште откриваат како да ги направат овие перовскити постабилни и долготрајни.
Во новото истражување научниците беа во можност значително да ја подобрат ефикасноста на одреден тип на овој материјал, познат како перовскит на олово-халид. Со комбинирање на перовскитот со метална подлога наместо со стакло, ефикасноста на конверзија на светлината била зголемена дури за 250 проценти.
Иако има уште многу работа да се направи за да се извлече оваа технологија од лабораторијата и да се внесе во производството на соларни панели, ова откритие е показател дека кристалните структури од перовскит наскоро би можеле да бидат основни материјали кога станува збор за зголемување на производството на соларна енергија.
Соларните панели работат со користење фотони на сончевата светлина за да ги возбудат електроните да го напуштат своето место покрај атомите за да произведат електрична енергија. Меѓутоа, кога електроните и дупките што ги оставаат зад себе се рекомбинираат, енергијата што може да се користи како електрична енергија, наместо тоа, се губи како топлина. Со додавање метална подлога, истражувачите открија дека можат да ја намалат таа рекомбинација и да ја зголемат ефикасноста.