Стрип-авторот Златко Крстевски учествуваше на меѓународниот фестивал БДФИЛ (17 јуни-2 ноември) во Лозана, Швајцарија, со оригинално дело современ авторски стрип / техника кинески лавир-туш. Делото се наоѓа на изложбата и ќе биде дел од колекцијата во тамошниот музеј. Во рамките на фестивалот се одржува актуелен фестивал „Екотопиали“ каде што се истражува иднината на климатските промени низ призмата на уметниците, кои треба да упатат глобални пораки. Фестивалот се организира во соработка со Универзитетот од Лозана, Швајцарија, кој се одржува од 1 ноември до 2 ноември. Крстевски со години учествува на многу меѓународни фестивали и изложби што ги третираат еколошката проблематика и загадувањето во глобални рамки.
– Учеството на меѓународни изложби, како и промоција на една држава и култура секогаш е горлив проблем. При испраќањето оригинални дела на изложби, пакувањето… секогаш се судирате со финансиски тешкотии доколку не сте во системот, во институциите или немате поткрепа од локалната заедница – вели Крстевски, кој покрај со стрип се занимава активно и со сликарство.