Зошто се отпечати второ проширено издание на книгата „ОНА терористичка паравојска на Македонија“ на Иван Бабановски? Па, затоа што службите – агенциите за безбедност, разузнавање, антитероризам, медиумите, полицијата, воспитувачите, па и религиозните ентитети не си ја завршија работата. Да си ја вршеа работата, немаше да постои УЧК. Напротив, службите помогнаа за нејзина реинкарнација. Зошто го користам зборот реинкарнација? Затоа што УЧК е реинкарнација на „Бали комбетар“, формирана од Мидхат Фрашери и Али Келцира. Всушност зад нив стои една многу поголема личност – Абас Ерменџи, кој е француски ученик и цел живот нивен човек. Многу малку знаеме за него и многу малку пишува за него
Добро утро. Дваесет и трети октомври 2024 година. Свет ден. Ете, баш на тој ден го промовираме второто проширено издание на книгата „ОНА терористичка паравојска на Македонија“. Авторот е познатиот професор Иван Бабановски, ветеран, офицер на ОЗНА и УДБА, подоцна професор на Факултетот за безбедност, кој е укинат од политички причини. Меѓу другото, во повеќе пригоди е организатор на безбедноста на маршалот Јосип Броз-Тито. Сега е професор емеритус за безбедност во Агенцијата за безбедност, расформирана во времето на министерот Љубомир Фрчковски, како општа заштита на функцијата на УЧК (ОНА), помогната од странски безбедносни служби (дознаваме – од САД, Франција, Англија, Турција, Русија, Иран, Муџахедини, Талибанци, ИСИС итн.). Повеќепати бил пратен во безбедносни мисии во странство и држел безбедносни предавања и давал интервјуа во Бугарија, Србија, Хрватска, Русија, Америка итн. Никогаш не престанал да се занимава со разузнавање врзано за џихадизмот, учкизмот, неонацизмот и организираниот криминал на овој терен. Македонија врие од агенти (Казабланка на Балканот) – огромни црни пари циркулираат од ЕУ, џихадистички и криминални извори – дрога, трговија со луѓе, проституција, органи, лажни документи и идентитети… и никој не смее ни да зуцне, ни да писне, ни да отвори уста, ниту да се помрдне, ниту да помисли, ниту под јорган да каже „аааа“…. 18 отсто од кокаинот проаѓа низ Македонија, 100 отсто од кокаинот и една третина од хероинот (податок од ФБИ) во светот врти албанската мафија. Тоа се трилиони долари. Вашите деца и внуци се напумпани со кокаин – во основните и средните училишта врие – еј, родители! Сите молчат. Срам да ви е. Прашајте ги учителките или училишните полицајци. А безбедњаците? – „…Оп, жица, жица, жица, дрма ми се дрогица… пардон… парица“. А Косово? Еден пријател што работел во „Бондстил“ ми кажа дека се копале огромни количества злато и тешки метали.
Има и големи количества ураниум. Србија и Косово се масивно бомбардирани од НАТО – не заради „хумани причини“ (смешки за идиоти), туку за ураниумот и плутониумот, кој преку нив се шверцал од Русија за време на Елцин. Марти Ахтисари си доби Нобелова награда „за мир“, што би било обратно од она на Ели Визел, а со тоа ја зацементира постојбината на УЧК. Замислете – Нобелова награда за цементирање на УЧК! Па, во тој случај Фрчковски треба да добие 2 Нобелови награди – за 200 илјади паспорти од Косово на млади луѓе бре – борци, терминатори, а не на „стари бабетини“! Двесте илјади учковци – брате, еј! А и други батковци од Сојузната комунистичка партија пред тоа го правеа истото тоа! Од КОС дознавам дека тоа била координирана политика на Крајачиќ и Доланц – значи координирана акција на БНД (пред тоа Гестапо и Абвер), НКВД (КГБ), Ватикан, ДГСЕ (Франција), ЦИА, потоа Народната банка на Југославија, Гладио и арапските воени информативни служби – да се колонизираат Косово и Македонија. Тито многу ги обожаваше „неврзаните“, а сега се тоа милијарди џихадисти.
И КАДЕ ОДЕЛ ТОЈ СПОМЕНАТ УРАНИУМ-ПЛУТОНИУМ? Дел во Израел (преку бандата на Аркан, што дознав од КОС, но оди и кај други), а дел преку други банди – во исламски земји (можеби и Иран). Не знам за бомби, но ураниум врие кај џихдистичките земји. На здравје! За малку и ние (Македонија) ќе добиевме бомбардирање заради „грандиозната плато-љубов“ на Западот кон УЧК и нејзините партиски псевдоподи – но се спасивме со мисијата на нобеловецот Ели Визел. „Големиот герој“ Љубчо Георгиевски, кој беше премиер во тоа време (се сеќавате), а потоа се дозна дека е бугарски агент и пријател на Каракачанов (зборови на самиот Каракачанов), беше многу лут на доаѓањето на Визел – тоа лично ми го кажа и бев искаран заради неговото доаѓање. Подоцна дознав дека Георгиевски сакал „да ја анектира Македонија кон Бугарија“ (зборови на претседателот Пендаровски на телевизија), а и името „Северна“ – најпрвин потекнува од него. За коридорот 8 од „Систра“ велат дека нашите „патриоти“ мавнале преку 500 милиони евра (две партии) и не се знае каде се. Затоа, батки, француските политичари денес (вклучувајќи леви, десни, средни) не нѐ сметаат „ни за луѓе“, а камоли за партнери. Партнери им се УЧК (за секакви валкани работи во Косово – како што велат српски агенти). Сега во Србија „купија“„омнипотентни“ офанзивни авиони „дасо-рафаел“ од Франција – најдобри во светот, наводно за три милијарди евра. Некои од француските аеровоени продукти се повлечени од НАТО (???). Сѐ ми се чини дека овие авиони „ќе летнат“ на друго место (можеби БРИКС) – како што „летнуваат“ француска муниција и оружје во Иран. Значи, Франција (меѓу другите) го вооружува Иран и Макрон го буди стариот француски антисемитизам (од просветителството и нацизмот) – за да ги возбуди („франко-арапски оргазам“) џихдистичките формации во гласачка Франција, кои се бројно качени до 20 милиона. Тука има и уште еден „вектор“ – имено, Франција се „митари“ за да работи со БРИКС – значи со многу-многу пари што ги изгубија од НАТО на разни начини. Србите ќе ги добијат авионите подоцна (може да ги „прошетаат“ некаде за проба). Тоа „ќе“ ме потсетува на ветувањата на нашите политичари, кои кога велат „ќе“ – тоа е мантра за неизвршеното ветено. И сега некако многу ми ќе-ќе-ќе-ќекаат, ама ќе видиме. Универзална формула за политичка пропаганда е – вети, па излажи. АКСИОМА: Сите политичари се лажговци!
ДОКАЗ: Не може да станеш политичар ако не лажеш! Кажи еден пример! Значи, ФРАНЦИЈА СЕ МИТАРИ да танцува со БРИКС, бидејќи од НАТО и од ЕУ не виде фајде. Франција е инаку извонреден производител на оружје и транспорт (железници) и веќе двапати го прејде Израел во испорака на „миражи“ и друго – за љубов (огромна љубов) кон Арапите, кои ги таманеше како скакулци за време на колониите. И други западни земји „се митарат“ на Арапите со признавање на Палестинска држава – безусловно. Тоа значи и Ерусалим како некогаш да биде арапски. Па, како ќе одите во Светиот Град – тие нема да ви дозволуваат. Какви христијани и Евреи сте вие што не сакате да одите во Ерусалим? Ете, јас барав да одам во Мека и Медина – ама, ете, забрането ми е. За во Иран и да не зборам. Го напуштивте Исус! Го напуштивте Господ!
Албанија и Југославија им требаа на западните земји (англосаксонски) за „тампон-зона“ кон СССР (Сталин) со сојузниците, бидејќи тие веќе беа излезени на Јадранско и Јонско Море (за време на сталинизмот). Успешно успеаја маневрирајќи го Тито да го „напушти“ Сталин (Черчил-МИ6, пред тоа Абвер, подоцна и ЦИА, па и самата КГБ – на Хрушчов и Берија). Албанија е „обработена“ од ЦИА (Визнер), а и до денес е важен стратегиски фактор. Бугарија и денес сака „да се пикне“ до Јонско Море, купувајќи ги Македонците во Албанија. Нашите политичари повторно се во летаргија во однос на Македонците во Албанија, а после „ќе плачат и липтаат“ кога сите Македонци таму ќе станат Бугари. Ги има и на море. Нам од светот ни удираат четки дека Албанците се важен фактор – но не како народ (како што се мисли) туку како дестабилизатор – УЧК. Секако дека ќе ги примат во ЕУ, но проблем ќе станат Косово и Македонија. Инаку, ЕУ сега е „пејачко друштво“ и, освен блебетење, нема моќ. И економската моќ ѝ ја урнисаа големите сили. Дури и една Бугарија си игра мајтап со нив, а УЧК им е „клуб-танчарка“. НАПОМЕНА: Бугарија има територија на море што е СОПСТВЕНОСТ НА РУСИЈА (според изјава на Соломон Паси на Ал џезира пред речиси две години). Во секое време може да има подморничка база на Русија. Од други извори дознавам дека има уште една руска база во Бугарија, која живее од пари дадени од Русија. Затоа ЕУ и НАТО се посеруваат (извинете) од Бугарија, а за Македонија. „им свири пилето“. Плус, ако ги додадеме нашите предавнички материјализирани и тотално неспособни политичари (до еден и порано и сега) – нека ви е јасна состојбата во која сме. Онаа балет-игра со Виктор Орбан е всушност Метернихова игра (Кисинџер), каде што се вклучува Балканот (до Македонија), плус Австрија, а би сакала и Германија – ама Америка ја држи за врат, ја стиска до задушување – па и нафта-гас (од Русија) не ѝ дава. Германија и Франција се силно притиснати од џихадистите – секој ден имаат конфликти, а не смеат ни да писнат (на медиумите им е забрането да информираат). Франција – левицата и „средницата“ се притиснати од џихадистичките гласачи – и ете Макрон мора да почне отворена антисемитска политика, покрај моќта на Рочилди.
Значи, во Франција џихдистите се појаки од Рочилди – опааа – среќни ли сте, антисемити? И во САД џихадистите ѕверосуваат – ги окупирале сите универзитети – а тоа значи окупација. Кај нас џихдистите (нарко-проституто-армо-транспланто-медико-духовно-политички) ја диктираат состојбата (преку кичмата на Заев, опашката на Гаши и, разбира се, наркобогатствата на Али). Мак-џихадисти не се само оние од Левица. Сите ги обожаваат Хамас и Хезболах – немој да се преправате… сите паѓате во несвест за Хамас. Заборавивте дека пет века ве набивале на колец! Велат дека новиот шеф на АНБ, Христовски, не е политичар – ај бејби бејби, ју ар енџел… ај лав ју џигер… белки не е и тој артист како оној Гаши. Мајката! Да умрев вчера, немаше да знам дека главни шефови на безбедност не се политичари. Искрено, што „марка“ на разузнавање имаме сега? Да не се споредуваме со ЦИА, НСА, или Спецвиаз… уф, или Мосад, јунит 8200… па, па, па… Кој буџет го има Агенцијата за разузнавање? Што кадар има? Знаат ли што е тајна дипломатија – не знаат ни за јавна! Ги познавате Фарахани, Кариас, Вит… можеби се кај вас дома, можеби ви се сакана, има ли УЧК инкремент (кој е шеф), каде се организираат нападите врз Македонија, кој за кого работи во Собранието, кој ги дава парите и од каде, во чии џебови… разузнавачиии – ај, бе,бегај! Инаку, и Кисинџер и Бжежински велеа дека не се политичари. И Макијавели формално не бил политичар. Па, и Берија (пријателот на Тито) велел дека не бил политичар. Море и Тито да не не бил политичар комунист – така вели Џилас. Жени разузнавачи се најопасни, имаат посебни фаци… секако, повулгарни се од вашите сопруги…. Ај што зборам! Читајте го Бабановски, разузнавачкиот месија за џихадизмот. ВАЖНА НАПОМЕНА: исламот е убава религија, романтична и поетична. Јас не сум исламофоб. Јас го сакам исламот. Исламот најмногу ги цени старците (како мене) и родителите. Исламот има најубава поезија. Некогаш ќе зборувам за тоа. Но џихадизмот – по дефиниција на западните служби – е нешто сосема друго.
И ЗОШТО ИЗЛЕЗЕ ОВАА КНИГА? Па, затоа што службите – агенциите за безбедност, разузнавање, антитероризам, медиумите, полицијата, воспитувачите, па и религиозните ентитети не си ја завршија работата. Да си ја вршеа работата, немаше да постои УЧК. Напротив, службите помогнаа за нејзина реинкарнација. Зошто го користам зборот реинкарнација? Затоа што УЧК е реинкарнација на „Бали комбетар“, формирана од Мидхат Фрашери и Али Келцира. Всушност зад нив стои една многу поголема личност – Абас Ерменџи, кој е француски ученик и цел живот нивен човек. Многу малку знаеме за него и многу малку пишува за него. Во почетокот тој бил социјалист и националист и организирал борба на Албанци против Италија на Мусолини. Бил антикомунист и антијугословен – поради што цел живот бил во конфликт со југословенската влада заради косовската територија и заговарал голема Албанија. Се здружил со Амин Хаџ ал Хусеини, кој во Босна ја формирал „Ханџар дивизија“ – нацистичко-кољачка формација од босански муслимани со слични садистички методи како усташите. По војната, Ал Хусеини „избегал“ во Ерусалим (веројатно Тито го пуштил заради неврзаните) и иницирал фундаменталистичко-џихадистички единици (на пр. Муслимански браќа) против Израел, Евреите и христијаните. За жал, доби голема подршка од западните служби и тој е основа за денешната средноисточна терористичка калакрдија и масакража. Ерменџи не успеал да се здружи со комунистите на Енвер Оџа. Најлошо е што се создала омраза меѓу албанското и христијанското население во Србија, Македонија и Грција, која се провлекува до денес. Балистите направиле пакт со германските нацисти (22-SS – планинска дивизија) и правеле големи зулуми и масакри на христијанското население во Србија, Косово и Македонија. Да бидеме искрени, и партизаните се одмаздувале на свиреп начин врз албанското население, што не е запишано во официјалните историски книги. Ерменџи по војната отишол во Франција и таму работел за службите. Потоа, тој е основач на организацијата за ослободување на Косово и за голема Албанија „Национален фронт“ во 1994 година, која ние ја знаеме како УЧК. Понатаму ќе дознаете за детали од книгата на Бабановски и од други извори.
Имаше многу кочници и пречки во издавање на оваа книга и одбиена е материјална подршка од државата. Причините се разбирливи – за жал, нашиот вазалски однос кон УЧК-идеологијата, што се гледа и во чинот на градење споменик на Џемо Хаса – касап, нацистички џелат во Втората светска војна, запоставување споменици на наши војводи (на пр. споменикот на Даме Груев) или Куќата на Македонија во Крушево од каде што е прогласена Крушевската Република, или спомен-куќата на АСНОМ во Пелинце, кои, според кажувања на очевидци, се претворени во „клозети“. Баш сме и ние некои мустри. Оваа книга не треба да стимулира некаква „фобија“ кон други етникуми или религии – туку треба сите заедно да нѐ извлече од голема летаргија на незнаење и немислење. Сакате нова академија? Не една, многу академии! Ама де не бидат „пејачки друштва“ или „чајџилници“ или како сме таленти – некоја „бинго-академија“. А имам и еден сериозен предлог – зошто да не направат (заедничка) математичка академија и/или академија за вештачка интелигенција? Доста со Шунд-институции. Искуството треба да создаде разум. ИСТОРИЈАТА УШТЕ ТРАЕ. САКАТЕ ЛИ ДА СЕ ПОВТОРИ? СТАРИОТ ЧОВЕК ВИ ВЕЛИ – РАЗУМОТ НЕ ЈА ПОВТОРУВА ИСТОРИЈАТА. ИМА МНОГУ НОВИ РАБОТИ ШТО ТРЕБА ДА ГИ НАПРАВИМЕ ЗАЕДНИЧКИ.
Проф. д-р Самуел Колономос Садикарио