Фото: Маја Јаневска-Илиева

Европската унија е „длабоко вознемирена“ од извештаите дека Северна Кореја испраќа војници да се борат во руската инвазија врз Украина, изјави највисокиот дипломат на блокот Жозеп Борел, пренесе ДПА.

– Тоа би бил унилатерален непријателски чин на КНДР со сериозни последици за европскиот и глобалниот мир и безбедност. Овој развој, исто така, уште еднаш илустрира како Русија шири нестабилност и ескалација во регионот и низ целиот свет- се вели во изјавата што ја објави Борел во име на 27-те земји-членки на ЕУ.

Продлабочената воена соработка на Русија со Северна Кореја испраќа порака дека „и покрај нејзината наведена подготвеност да преговара“, Русија не е заинтересирана за мир, рече Борел.

– Напротив, Русија ескалира и очајно бара каква било помош за својата војна – додаде тој.