ПРОМОВИРАН НОВИОТ ВСЕЛЕНСКИ КОСТИМ
Кина направи чекор напред во својот амбициозен план за слетување на астронаути на Месечината до 2030 година – откривајќи го специјално дизајнираниот вселенски костим што ќе го носи нејзиниот екипаж за она што се очекува да биде значајна мисија во вселенската програма на земјата, објави „Си-ен-ен“.
Новиот црвено-бел костим – откриен од Кинеската вселенска агенција за човечки екипаж (ЦМСА) за време на викендот – е направен да ги издржи екстремните температури на Месечината, како и радијацијата и прашината, додека на астронаутите им овозможува физичка флексибилност да извршуваат задачи на Месечината, јавуваат државните медиуми.
Костимот за слетување на Месечината е опремен со вградена камера со долг и краток дострел, оперативна конзола и визир за шлем отпорен на сјај, според видеото споделено од државната телевизија ЦЦТВ, на кое се прикажани добропознатите кинески астронаути Жаи Жиганг и Ванг Јапинг, демонстрирајќи како астронаутите што носат костим може да се наведнуваат и да се качуваат по скала.
Новата технологија го привлече меѓународното внимание. Извршниот директор на „Спејс екс“, Илон Маск, сподели објава на платформата Икс во која се прикажува снимка од ЦЦТВ и неговиот сопствен коментар.
Претставувањето од страна на Кина на вселенскиот костим за слетување на Месечината доаѓа откако земјата направи значителен напор да се етаблира како главен играч во вселената – домен на кој државите, вклучувајќи ги и Соединетите Американски Држави, сѐ повеќе бараат не само за научна корист туку и за ресурсите и националната безбедност.
Кинеската национална вселенска администрација во последниве години изврши серија сè покомплексни роботски мисии на Месечината, вклучувајќи го и првото враќање на примероци од Месечината од далечната страна на Месечината на почетокот на годинава. Кина се трудеше да стане втората земја што ќе спушти астронаути на Месечината, велејќи дека нејзината прва мисија со екипаж ќе се одржи „до 2030 година“.
Благодарение на нејзината тенка егзосфера, Месечината е сурово место, изложено и на сончевите зраци и на студот на вселената. Температурите во близината на екваторот на Месечината, на пример, може да се искачат до 121 Целзиусов степен, а потоа да се спуштат во текот на ноќта до минус 133 Целзиусови степени), според НАСА.