Фото: ЕПА

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо изјави дека сега има нешто поинакви цели до крајот на кариерата, бидејќи повеќе не брка лични рекорди.

-Веќе не бркам индивидуални рекорди. Добро е играчот да постигнува голови, но најважно ми е денес да уживам во играта и да му помогнам на Ал Наср и на моите соиграчи да победат – изјави 39-годишниот Роналдо.

Интересно е дека ваквата изјава доаѓа непосредно откако легендарниот фудбалер во дресот на Ал Наср, против Ал Рајан во азиската Лига на шампиони го постигна својот 904. гол во кариерата, а неговиот тим победи со 2:1.

Роналдо тој гол му го посвети на својот татко, кој почина во 2005 година.

-Овој гол има поинаков вкус. Посакувам татко ми да беше жив, бидејќи денеска му е роденден – изјави Роналдо по мечот со Ал Рајан на 30 септември.

За потсетување минатата сезона неговиот клуб Ал Наср ја загуби трката за титулата од Ал Хилал, а постојат сите шанси овие два тима да се борат за трофеи оваа сезона, како во Саудиска Арабија, така и низ Азија.