Во Полициската станица Прилеп утрово е пријавен физички напад кој се случил пред кафе бар во Прилеп.

На втори декември во осум часот во Полициската станица Прилеп, Д.М.(22) од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 03.00 часот, по претходна расправија со К.М. пред кафе бар во Прилеп, физички бил нападнат од Ф.К. и уште едно непознато лице, кои биле заедно со него.

Полицијата, велат од СВР Битола, презема мерки за расчистување на случајот.

К.М.