Со доделување на наградите златна, сребрена и бронзена „Камера 300“ и со проекција на македонскиот филм „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оровчанец, во кој кинематографер е Владимир Самоиловски, вечер во Битола завршува ИФФК „Браќа Манаки“.
Тимот за филмот „Убиј ги прво децата“ претпладнево ќе биде претставен на прес конференција во фестивалскиот прес центар, а потоа ќе се одржи предавање во чест на Свен Никвист чија ѕвезда, заедно со останатите вкупно 18 се поставени и откриени на „Патека на славните“ на Широк сокак.
Во текот на фестивалот, кој годинава се одржува под мотото „Еден е Манаки“, беа емитувани 67 филма во повеќе натпреварувачки категории.