Фото: Влада

Германскиот канцелар Олаф Шолц уште еднаш потврди дека Германија нема да ги укине ограничувањата на Украина за напади со западно оружје на руска територија.

– Јасно е дека ние секогаш сме многу фокусирани да го поддржиме тоа што навистина помага и што е неопходно… Ова исто така го подразбира фактот дека Германија нема да ги укине ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел. Ова не зависи од мојот личен став. Ние нема да го направиме тоа и имаме добри причини за тоа – изјави Шолц непосредно пред средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Њујорк, пренесува Тагешау.

Истовремено, Шолц ја повика ЕУ итно да и ја обезбеди на Украина ветената финансиска помош од 35 милијарди евра.

– Ова е важно за да можат да придонесат и пријателите во Канада, САД, Велика Британија и Јапонија – додаде германскиот канцелар.

Шолц додаде дека неговата позиција нема да се промени дури и доколку САД ги укинат ограничувањата.