Фенг шуи во кујната
Според фенг шуи, најважните места во куќата се влезната врата и кујната. Затоа многу е важно што чувате до влезната врата и како е уредена вашата кујна. Фенг шуи е древна кинеска уметност или учење за тоа како да се живее во хармонија со светот и како да се обезбеди просперитет во домот. Со векови активно се практикува во различни делови на светот и според правилата на оваа вештина најважни места во куќата се – влезната врата и кујната. За да се привлече чи-енергија, кујната мора да биде пространа, светла, топла и пријатна. Во продолжение прочитајте 11 правила за кујната што ќе ви помогнат да готвите подобро и да му донесете среќа на вашето семејство.
1. Шпоретот е главното парче во кујната, па затоа мора да биде чист и, ако е можно, треба да ги користите сите рингли за да ја зголемите благосостојбата.
2. Готвачот не смее да стои свртен со грб кон вратата.
3. Димензиите на кујната треба да бидат умерени: преголемиот простор е заморен и го одвлекува вниманието од главната активност.
4. Откажете се од старите и бескорисни работи.
5. Одржувајте совршена хигиена.
6. Расположението на готвачот влијае на вкусот на храната, па затоа влезете во кујната со насмевка на лицето.
7. Избегнувајте правоаголни, квадратни маси, одлучете се за тркалезни и доколку дозволува просторот, нека бидат сместени во средината.
8. За да го зголемите просторот во мала кујна, можете да поставите огледало на ѕидот до масата.
9. За просперитет, секогаш имајте кошничка со овошје, најдобро портокали и мандарини.
10. Во кујната поставете вазни со свежо цвеќе, слики со хризантеми или цветови од цреши или ѕвона, поставени над масата, на пример.
11. Избегнувајте да го ставате мијалникот во близината на шпоретот – овие два елемента претставуваат вода и оган – така што се поништуваат еден со друг. За да ги ублажите негативните ефекти, поставете дрвен предмет или тенџере помеѓу нив.