Фото: Маја Јаневска-Илиева

Исплатата најдоцна до декември

Иако претходната Влада не предвидела средства во основниот буџет, со новиот ребаланс Владата обезбедува 1 милијарда денари за исплата на К15 за вработените во администрацијата, информираат од Владата.

-Со оваа одлука над 84 илјади вработени во државната администрација ќе добијат по 11.000 денари К15. Исплатата ќе биде најдоцна до декември оваа година. Со тоа ќе се реализира уште една значајна поддршка за вработените – велат оттаму.

Со овој пакет К15 ќе бидат опфатени и вработените наставници во училиштата.