Фото: ЕПА

Турција сака да ги продлабочи врските со Египет во областа на природниот гас и нуклеарната енергија – изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по разговорите со неговиот египетски колега Абдел Фатах ел Сиси.

Ердоган за време на заедничката прес-конференција со Сиси рече дека двете земји ја потврдиле својата подготвеност да ги подобрат односите во сите области, вклучително и трговијата, одбраната, здравството, енергијата и прашањата за животната средина.

Министрите на двете земји потпишаа голем број договори пред изјавите на лидерите.