Фото: ЦУК / Илустрација
Гаснењето на пожарот во Мариово оди тешко. Воздухопловите не можат да дејстуваат оти има многу чад. Опфатот каде што гори е зголемен, потенцираат од општина Прилеп, чиј кризен штаб е во постојано заседание.
Околу 200 пожарникари, војници, припадници на .Македонски шуми, доброволци, месното население, се на теренот и ги бранат селата, фармите, објектите.
Огнот е доста проширен кон селата Крушевица, Кален, Дуње. Гори ниско стеблеста шума на повеќе од 20 километри. Кај село Бонче е ставен под контрола. Ветрот што дува и чадот придонесуваат да не се гасне.
– Постојано сме на терен, се врши дотур на вода и други намирници за лицата кои гаснат. Вечерва повторно ќе заседава кризниот штаб – велат од општина Прилеп.
Ова е незапамтен пожар досега во Мариово, во кој гори и шума.
Ка.М.