Во пожар во куќа во село Лозово вчера починала 59-годишна жена.
Полицијата соопшти дека вчера во 17:06 часот во СВР Штип, било пријавено дека во село Лозово, настанал пожар во куќа сопственост на К.Т.Б. (59), која починала на местото на настанот.
– Од страна на лекар констатирана била смрт како последица на изгореници. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Свети Николе, а увид извршила увидна екипа на ОВР Свети Николе во присуство на инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување – соопшти МВР.