Животни
Кучињата се незаменливи членови на многу семејства, а нивното присуство носи радост и љубов во животот на многу луѓе. Но, колку и да ги сакате, некои кучиња едноставно имаат прекраток животен век, поради што разделбата со нив може да биде особено болна. Додека некои видови живеат петнаесет или повеќе години, други нè напуштаат на шестгодишна возраст поради здравствени проблеми.
Бернардинци: Нежни џинови што живеат меѓу осум и десет години. Тие се склони на многу здравствени проблеми – од срцеви проблеми и епилепсија до рак. Исто така, поради стомачни проблеми треба да јадат неколку помали оброци во текот на денот наместо еден голем.
Данска дога: Живеат во просек меѓу шест и осум години. Главниот здравствен проблем со кој се соочуваат е зголемувањето и извртувањето на стомакот, што може да биде фатално за нив. Сопствениците треба да се консултираат со својот ветеринар за исхраната на нивното куче за да го избегнат овој проблем.
Ирски вулфхаунд: Уште една голема раса што нема долг животен век. Во просек живеат меѓу шест и десет години. Тие се склони кон рак на коските, гастрична дилатација и торзија, лимфом и хипертироидизам.
Англиски булдог: Иако се значително помали од другите кучиња на списокот, англиските булдози често страдаат од многу здравствени проблеми. Во просек живеат меѓу осум и десет години. Имаат проблеми со дишењето и не поднесуваат топлина, а за многу здравствени проблеми се виновни неодговорните одгледувачи што со години ги пареле со блиски раси на животни.