Околу 30 поети од земјава и од странство настапија на 14. меѓународна поетска манифестација „Лирски треперења“, која ја организира Центарот за култура од Крива Паланка. На летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка одекнаа стихови и афоризми од потврдени и современи поети од Штип, Струмица, Скопје, Куманово, Кочани и Крива Паланка, како и од Ќустендил, Бугарија, и од Србија. Манифестацијата ја збогатија и млади локални автори, подмладок на литературниот клуб „Калин“, кои се претставија со свои лични поетски творби, а целиот настан беше придружуван со музички точки од млади музичари под менторство на проф. Лариса Жулина Митовски.
Поезијата ги сплоти авторите, кои ја облагородија сцената на отворено со прекрасна лирска вечер исполнета со стихови и емоции.
– Манифестацијата станува сѐ поуспешна, сите се задоволни, сѐ повеќе поети сакаат да учествуваат, така што планираме да ја прошириме следните година – истакна Антони Стојановски, директор на Центарот за култура.