Времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен и ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). УВ-индексот ќе е 8.
-Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени. Од утре и во следните денови во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. За време на викендот и во почетокот на следната седмица нестабилно ќе биде на повеќе места, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град – велат од УХМР.