Фото: „Нова Македонија“

Владата денеска на 111. седница ја разреши Афрона Верзиволи, која беше именувана за вршител на должноста главен резизор на Резизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош. Разрешувањето на Верзивола следува откако во јавноста беше објавено дека таа не поседува лиценца за ревизор и дека ЕУ ќе го преиспитува нејзиното именување.

На нејзино место Владата го именуваше Aрбен Рамадани, кој е самостоен ревизор во Секторот за унапредување на ревизијата. Како што се наведува во соопштението од Владата, Рамадани непосредно учествува во изработка на стратешки документи, краткорочни и долгорочни стратешки планови во однос на развој на Ревизорско тело и ревизијата и ја следи примената и врши следење на нивното спроведување. Работел и како виш ревизор во секторот за ревизија на ИПА областа.

За заменик на главниот ревизор на Резизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош Владата го именуваше Иван Игњатов, кој е доктор на економски науки на тема „Развој на систем за ревизија и контрола за ефикасно користење на фондовите на ЕУ“.