ЛОИ 2024
Триатлонот е одложен за денеска

Загриженоста за квалитетот на водата во реката Сена ги натера организаторите на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз да го одложат машкиот триатлон за мажи од вчера за денеска, при што официјалните лица се надеваат дека пливачкиот дел од трката ќе може да се одржи во реката, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП).
Натпреварот во триатлон за жени исто така е закажан за денеска, но и двата натпревара ќе се одржат само ако тестовите на водата покажат прифатливи нивоа на бактерии во реката. Како резервен датум е планиран и петок, пишува АП.
Други пливачки настани планирани во Сена на ЛОИ 2024 се мешаната штафета на триатлон на 5 август и маратонските пливачки настани за жени и за мажи на 8 и на 9 август, пишува АП. Н.М.


ОСВОЈУВАЧИ НА МЕДАЛИ НА ЛОИ 2024

ЗЕМЈА ЗЛ. СР. БР.
Јапонија 6 2 4
Франција 5 8 3
Кина 5 5 2
Австралија 5 4 0
Јужна Кореја 5 3 1
САД 3 8 9
Велика Британија 2 5 3
Италија 2 3 3

Извор: ИОК
табелата е по вчерашните претпладневни финалиња, а синоќа на програмата беа доделени медали уште во седум спорта