Високите температири и над 40 степени Целзиусови не се новина за Скопје на лето. Но, секако не се ниту пријатни за многумина. Граѓаните, кои мора да излезат на отворено во најжешкиот дел од денот наоѓаат различни начини да се заштитат од горештините. Некои „ловат“ сенки, други ги користат јавните фонтани и чешми, доколу работат, некои си помагаат со ладала, чадори…
Ви пренесуваме дел од денешната атмосфера во главниот град преку објективот на нашата фоторепортерка Маја Јаневска -Илиева.