Во врска со видеото објавено на социјалните мрежи каде од страна на едно лице на Кораб е симнато македонското знаме и е поставено знаме на Република Албанија, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени мерки од страна на Одделот за компјутерски криминал утврдено е дека се работи за лице кое не е државјанин на РСМ – соопшти МВР.
Албански државјанин го тргнал македонското знаме од Кораб и постави албанско
– Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена, стои во соопштението од МВР.
Претходно со реакција се огласија и од партијата ЛДП.